Во грчкиот Парламент доставени три договори со Северна Македонија

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а сега, во грчкиот Парламент се донесени како предлог закони од надлежните грчки министри.

Предлог законите имаат два члена, во првиот се Меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот.

Откако беа доставени (на 14 и 15 септември), следниот чекор е да бидат разгледани на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања, а откако пратениците членови на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе се најде на седница на Парламентот.

Согласно седмичната програма на грчкиот Парламент, трите предлог закони, оваа седмица не се на дневен ред на надлежната комисија.

Со оглед на тоа дека се први што доаѓаат по промената на власта во Грција, од опозициската СИРИЗА, кога ратификацијата ќе биде на дневен ред во Парламентот, ќе побараат јавно гласање, со прозивање на сите пратеници, нешто што вчера го потврди и лидерот на партијата Алексис Ципрас, велејќи дека очекува гласањето на пратениците од Нова демократија, да биде и извинување за нивната опозициска реторика за Договорот од Преспа.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Во Авганистан убиен еден од лидерите на Ал Каеда

– Секој еден глас од 158 што ги има владејачката партија, секој од 158-те пратеници со својот глас, ќе дава и едно извинување. Очекуваме 158 извинувања. Извинување за поделбата, извинување за лагите, извинување за измамата, извинување за хистеријата, извинување за нападите, извинување за куршумите до министрите и пратениците од СИРИЗА, извинување за подметнувањето пожари пред нивните домови, извинување за мизеријата што се случи пред две години. И, пред сè, извинување за измамата на обичните граѓани, на кои им рекоа дека СИРИЗА ја предава Македонија, рече Ципрас.

ЕУ перспективата на Северна Македонија, македонско – грчката економска соработка и надгледувањето на воздушниот простор пред Парламентот

Трите предлог закони, непосредно пред работната дводневна посета на премиерот на Северна Македонија на Грција и средбите со грчкиот државен врв, беа доставени до Парламентот, а дописничката на МИА од Атина, ја пренесува нивната содржина.

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Северна Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија”, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања Бујар Османи.

Меморандумот за соработка, како што пишува во извештајот доставен до грчкиот Парламент, „ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи, како и за гарантирање на грчките интереси во Република Северна Македонија и целосно во регионот, во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан”.

Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциони планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциони планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка

Прочитајте и...  ВИДЕО: Трамп тврди - „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Предлог законот за ЕУ перспективата на Северна Македонија е потпишан од министрите за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Северна Македонија за формирање Координативен комитет за економска соработка”.

Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи”.

Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет.

Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, кои треба да бидат соопштени во рок од 30 дена по стапувањето во сила.

Ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.

Предлог законот за економската соработка е потпишан од министрите за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Прочитајте и...  Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)”, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Надзорот ќе го вршат авиони Ф-16 и М-2000 од грчкото Воено воздухопловство.

Согласно доставените документи во грчкиот Парламент, процените се дека надзорот на нашиот воздушен простор од грчките воени авиони, Грција ќе ја чини 35.255 евра годишно за одржување, гориво, и слично, од кои 12.950 евра се за Ф-16, а 22.305 евра за М-2000.

Предлог законот за надзор на воздушниот простор е потпишан од министрите за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција.

Кусо пред европските и локалните избори во Грција во 2019 година, грчките пратеници гласаа за договорите што произлегоа по потпишувањето на Договорот од Преспа, а се однесуваа на отворање на нови гранични премини меѓу двете земји, како и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.

Законите беа ратификувани, но не и со гласови од пратениците од Нова демократија, со оглед на тоа што, како опозиција беа против Договорот од Преспа и воопшто не ги поддржуваапак спогодбите што произлегуваат од него.

Токму затоа, сега, од СИРИЗА ќе бараат гласањето за трите меморандуми да биде јавно, со прозивање на секој пратеник.

Поврзани вести

Бајден: Трамп истакна бело знаме пред коронавирусот

Слободен печат

Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Слободен печат

Путин: Не гледам ништо противзаконски во активностите на Хантер Бајден

Слободен печат

Нов црн рекорд во Франција: Повеќе од 50.000 новозаразени, ситуацијата во болниците се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп тврди – „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Слободен печат

Коронавирусот се појави и во хрватската Влада: Позитивна министерката Брњац, уште двајца министри одат во самоизолација

Слободен печат

Остави Коментар