Во градинките во Сиднеј ќе може да се учи македонски јазик

Од наредната година во градинките во Нов Јужен Велс, Австралија, ќе може да се учи македонскиот јазик. Со оваа образовна програма ќе бидат опфатени децата од градинките до возраст од 12 години. Во новата јазична програма ќе се учат и јазиците хинди, персиски и македонски, објави Си-би-ес.

Ова е одраз и на лепезата од странски јазици кои се говорат во Нов Јужен Велс, но и ширум Австралија.

Од тие причини се размислува и за воведување учење втор јазик во образовниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот