Во градинката „Пролет“ во Влае 24 деца во изолација, позитивни се четири негувателки и еден воспитувач

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вкупно 24 деца од три групи во клонот Сончогледи кој е под градинката „Пролет“ во Влае се во изолација, велат од Општина Карпош за „Слободен печат“, откако претходно се појавија информации за тоа дека во оваа градинка има поголем број на деца во изолација поради ковид-19.

Во врска со бројот на заболени, од Oпштината ни потврдија дека засега нема позитивно дете, но заразени се неколку негувателки како и еден воспитувач.

– Според моменталните информации, заразени се четири негувателки и еден воспитувач, но нема ниту едно дете позитивно на вирусот – додаваат од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот