Во грабежот во НЛБ банка во Сарај украдени 115 илјади евра

Во грабежот во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај што се случи утрово, биле ограбени 115 илјади евра соопштија од Банката.

-Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар”, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, наведуваат во соопштението.

Оттаму додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а најавуваат дека со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот