Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува кафе за носење, а угостителските објекти ќе работат со шалтерска продажба, најави градоначалникот Арбен Таравари, нагласувајќи дека предлогот на меѓуопштинскиот штаб на Гостивар бил одобрен од централниот штаб. Услугата ќе се базира на принципот „земи-носи”.

– Добив информација дека нашиот предлог е прифатен од Централниот кризен штаб. Па така покрај храна, по принцип „земи и оди” да се продава и кафе. Одлуката ќе почне да се спроведува од утре и во рамки на ограниченото време и вон полициски час, изјави Таравари за медиумите.

Тој исто така најави дека следната недела, во својство на претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб – Гостивар, ќе предложи и други олеснувања до централниот штаб, со кои ќе се овозможи во угостителските објекти да вршат послужување, но притоа да се обезбеди физичко растојание од минимум 2 метри, а на една маса да седат мксимум по две лица.

Таравари оцени дека состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна и упати апел со олеснувањата на рестриктивните мерки граѓаните да ја зголемат свеста, но и одоговорноста за почитување на мерките и препораките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот