Во Гостивар има над 40 казина, Невзат Бејта ветува дека ќе ги брка од центарот

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта / 2021 / фото: Фејсбук

Кандидатот на ДУИ и поранешен градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, го критикуваше актуелниот гратски татко Арбен Таравари дека не го исполнил ветувањето дека ќе ги отстрани казината од центарот на градот. Бејта вели дека во Гостивар има 41 казино, а бројот на коцкарници дури и се зголемил во последните години.

„И тука не ги сметам обложувалниците. Имаме повеќе казина од градинки и училишта, повеќе од спортски објекти. Не сакаме тоа да го гледаме во Гостивар, да нѐ доминира коцкарската индустрија. Сакаме младите луѓе да учат, да спортуваат и да уживаат во културата. Не сакаме младите да губат пари на апарати, сакаме да штедат за нивното образование, за нивниот прв дом, за нивната иднина“, рече Бејта денеска на прес-конференција.

„Нема да дозволиме коцкарската индустрија да владее со нашиот град“, рече Бејта, додавајќи дека доколку биде избран за градоначалник, ќе го искористи предлогот на ДУИ во Собранието, за со закон да забрани обложувалници и казина на 500 метри од училиштата.

„Деновите на Лас Гостивар завршија“, порача поранешниот градоначалник, кој на претстојните избори ќе се бори за нов мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот