Во Горно Лисиче исчистена дива депонија од 2.000 квадратни метри, собрани 250 кубни метри смет

Исчистена депонија во Горно Лисиче, Фото: Град Скопје

На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација успешно исчистија дива депонија по должината на кејот

Градот Скопје продолжува со интензивно чистење на дивите депонии низ градот.

На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација успешно исчистија дива депонија по должината на кејот. Станува збор за исчистена површина од 2.000 квадратни метри, а беа собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут – информираат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии се со цел, како што велат, нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот