Во Горно Косоврасти изгореа осум плевни со дел од добитокот

Според првичните сознанија предизвиканата штета се проценува на околу 100.000 евра.

Во дебарското село Горно Косоврасти утрово пожар пеплоса осум плевни со целосната сточна храна и дел од добитокот.

По појавата на пожарот во неговото локализирање се вклучиле жителите на селото, а брзо по дојавата пристигнало противпожарно возило и пожарникари од Територијална противпожарна единица.

– Во пожарот целосно изгоре сточна храна што била складирана во плевните, огревно дрво, три магариња, една мазга, две кози и три јариња. Крупниот добиток успеале да го спасат. Причина е човечки фактор, тука нема дилема бидејќи во овие објекти нема електрична инсталација, изјави Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Според првичните сознанија предизвиканата штета се проценува на околу 100.000 евра.

Дебарската територијална противпожарна единица во изминатиот период од годинава интервенирала во 43 случаи, што е за двапати помалку интервенции споредено со истиот период лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот