Во Ѓорче Петров стартува проектот „За поубаво Ѓорче“-за победниците хортикултурно уредување на една парцела

Oпштина Ѓорче Петров објави повик за реализација на проектот „За поубаво Ѓорче“.

„Право на учество имаат сите граѓани на Ѓорче Петров организирани во локални акциски групи со не повеќе од 20 лица, во партнерство со НВО со фокус на работа од областа на животната средина, заедници на сопственици и други физички и правни лица“, стои во повикот на општината.

Групите треба да се пријават во локалната самоуправа и да предложат најмногу пет локации на кои ќе изведуваат активности за чистење.

Комисија од општината ќе ги одобри локациите каде ќе се интервенира од страна на групите кои ќе успеат да земат учество во проектот. При чистењето, локалните акциски групи отпадот ќе го собираат во вреќи, но и ќе вршат селекција-пластика, стакло, метал, итн.

Рок за пријавување е најдоцна до 12 ноември. Наградата за најдобрата група ќе биде хортикултурно уредување на една парцела (по избор на победникот) која нема да биде поголема од 200 метри квадратни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот