Во големите пожари во Лос Анџелес изгоре и вилата на екс-напаѓачот на Арсенал

Фото: Screenshot

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Карлос Вела е последниот во низата познати личности на кои им настрада куќата во големите пожари кои го погодија Лос Анџелес.

Сопругата на Вела откри дека нивната вила во Малибу од четири милиони евра која се простира на 5.121 квадратни метри изгорела во пожарите кои направија пустош во богатото предградие на Лос Анџелес, Палисадес.

Во поѓарите кои започнаа на 7 јануари настрадале најмалку десет луѓе, а уништени се илјадници домови, додека над 130.000 жители мораа да бидат евакуирани.

„Нашиот прекрасен дом во Малибу изгоре вчера. Се уште сме во шок од се што се случи. Многу е тажно и застрашувачки да гледаш как осе гори. На сите пораки за загрижност, одговорам дека сме на сигурно. Ви испраќам многу љубов на сите погодени и се надевам дека наскоро огнот ќе биде изгаснат“, објави сопругата на Вела, Саио Канибано на Инстаграм.

Вела во овој момент се уште е член на екипата на Лос Анџелес. Неговата вила располагала со спа, мултимедијална соба, три апартмани за гости, пет купатила, голема кујна, дневна соба, вински подрум, базен…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот