Во ГОБ „8 Септември“ не работат неколку лифтови, мамографот и магнетната резонанца

Во болницата „8 Септември“ не работат два лифта, мамографот и магнетната резонанца, а пред неколку дена прегорел и рентген апаратот, но бил пронајден дел за него од друга болница, па бил позајмен. Причината за откажувањето на рентген апаратот била тоа што дневно се правеле и повеќе од 160 прегледи на него.

Директорот на болницата, доктор Кристијан Костов за „Слободен печат“ вели дека има над 20 лифтови во зградата, а дека претходното раководство на болницата набавило лифтови од Пакистан, чие одржување годишно чинело 40 илјади евра и постојано се расипувале, па затоа распишан бил нов тендер и сега ќе се набават германски лифтови кои би требало да се инсталираат за најдоцна еден месец. Така се очекува да се надмине проблемот со дел од лифтовите кои моментално се нефункционални.

Доктор Костов додава дека очекува овие лифтови да се користат во наредните 20 години. За мамографот кој исто така не работи, тој вели дека ќе биде поправен во понеделник, исто како и магнетот, а уредите откажале бидејќи се 10 години стари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот