Во ГОБ „8 Септември” излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември” е излекуван 20-годишен пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот. Ова е шестти познат случај во светот каде Ковид-19 развил ваква клиничка слика, велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек.

– Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со Ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се. Денеска, за првпат се регистрирани рекорди 336 оздравени пациенти, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот