Во гевгелиските училишта намален бројот на отсутни грипозни ученици

 Во сите училишта во општина Гевгелија, во текот на оваа недела се забележува намалување на бројот на ученици кои поради сезонскиот грип и болестите слични на него отсуствуваа од настава.

И покрај предупредувањата од регионалниот центар за јавно здравје во Гевгелија дека се очекува сезонскиот грип да го достигне пикот на сезоната, сепак евидентно е дека неделава од вкупно 2.493 ученици од настава отсуствувале само 210, наспроти 620 од претходната недела, што претставува значително намалување.

Од општината велат дека учениците полека се враќаат на настава и дека тоа најдобро го потврдуваат бројките.

-Во гевгелиската гимназија каде најмногу отсуствуваа 140 ученици, денес бројката е намалена на 62. Во градските основни училишта бројката на отсутни исто така драстично е намалена така што во „Крсте Мисирков” од 250 е сведена на 67 ученици, во „Владо Кантарџиев” од 160 на 62, во Миравци од 35 на шест и во Негорци од 36 на 13 отсутни ученици, велат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот