Во Гевгелија продолжува акцијата за делење бесплатни маски за граѓаните

маски
Фото: МИА

Општина Гевгелија денеска соопшти дека со цел да се спречи ширење на коронавирусот продолжува акцијата за делење бесплатни заштитни маски за граѓаните. Во периодот од 10 до 16 часот секој ден, бесплатните заштитни маски се делат на посебен пункт, поставен на градскиот плоштад, пред супермаркетот „Кит-Го”.

– Маските на граѓаните ги делат волонтерите на Невладината организација „Чеjнџмејкерс” која се вклучи во реализацијата на оваа акција на Општина Гевгелија. Исто така, заштитни маски ќе се делат и во населените места, преку Општинските канцеларии и на други пунктови во населените места, се вели во соопштението од Општина Гевгелија.

Од Општината информираат дека во Гевгелија продолжува акцијата за дезинфекција на улиците согласно донесениот План за дезинфекција на улиците и јавните површини. Општина Гевгелија во соработка со Центарот за здравје – ПЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец” пред неколку дена почна со акцијата за дезинфекција на улиците во централното градско подрачје во Гевгелија. Потоа, во вечерните часови се дезинфицираат и другите улици и јавни површини, од страна на ЈПКД „Комуналец”, а под стручен надзор
и упатства од Центарот за здравје – ПЕ Гевгелија. Акцијата на одредени улици и површини ќе се повторува секој петти ден.

Општина Гевгелија ги информира граѓаните дека викендов, в сабота и в недела, ќе почне да се спроведува забраната за движење во период од 16:00 до 05:00 часот. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот