Во Германија предупредување за бран стечаи на компании поради пандемијата

Германија/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Претседателот на Германскиот институт за економски науки (DIW), Марсел Фрачер, очекува, како последица на кризата со коронавирусот, бран на стечаи на компании.

Претседателот на Германскиот институт за економски науки (DIW), Марсел Фрачер, очекува, како последица на кризата со коронавирусот, бран на стечаи на компании.

„Вториот бран ќе биде потежок”, изјави тој за весникот „Аугсбургер алгемајне”.

Колку подолго трае брано, вели тој, толку повеќе компании ќе ги достигнат границите на нивната способност да преживеат.

„Прашањето не е дали бранот на инфекции ќе доведе до стечај на компаниите, туку кога”, подвлече Фрачер.

Според германските медиуми, шефот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фелбермаер, исто така, за агенцијата ДПА изјави дека очекува исчезнување на околу 600.000 работни места во Германија поради последици од Ковид-19.

Според него, најтешко ќе бидат погодени секторот за воздушен транспорт и туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот