Во Германија потврден првиот случај на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Заразениот засега е во добра состојба и е под надзор на лекарите.

Во Германија е потврден првиот случај на смртоносниот коронавирус, од епидемија која на крајот на 2019 година изби во Кина, објави „Ројтерс“.

Баварската здравствена канцеларија потврди вчера дека со тој вирус е заразен еден жител на Штарнберг, место на триесетина километри од Минхен.

Заразениот засега е во добра состојба и е под надзор на лекарите.

Не се објавени детали за болниот – ниту неговите години, ниту пак неговата националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот се информирани за можните симптоми на болеста, односно за мерките кои треба да ги преземат во случај на промена на здравствената состојба, објавува споменатата баварска здравствена институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот