Во Германија од денеска се применува правилото „3G”

Фото: John MACDOUGALL / AFP / Profimedia

Сојузната држава и сите 16 германски покраини донесоа заедничка одлука од денеска граѓаните да не можат да одат во кафеана или кино доколку немаат доказ за вакцинација, негативен тест или прележан ковид.

Според договорот меѓу сојузната држава и покраините, овие правила се однесуваат на клиниките, домовите за стари лица, спортските сали, базени, фризери, хотели, ресторани и разни настани, пишува Дојче веле.

Правилото е наречено „3G” бидејќи на германски сите три збора – вакцинирани, тестирани и излечени – почнуваат со буквата „g” (geimpft, getestet, genesen).

Во саботата инциденцата за последните седум дена, или бројот на новозаболени случаи на 100.000 жители, за првпат од мај надмина 50.Најголем скок во бројот на новозаразени е регистриран  во Северна Рајна -Вестфалија – 99,2 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните седум дена, додека во главниот град Берлин оваа бројка е 67,3.

Од утринава просекот за цела Германија скокна на 56,4. Расте и бројот на пациенти со Ковид-19, кои треба да се згрижат во болница. Во овој најнов бран особено се погодени лицата на возраст меѓу 35 и 59 години, а речиси сите нови инфекции се предизвикани од позаразниот делта сој на вирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја отфрли можноста луѓето кои целосно заздравеле од болеста или се вакцинирале во иднина да бидат ограничени во контактите со други лица или за излегување надвор. Тој додаде дека целта е есента и зимата да се поминат без дополнителни мерки, со помош на почитување на познатите правила за престој во јавен простор – дистанца, хигиена и маски – како и со помош на правилата „3G” во затворени простории, и на крај со лозинката „Вакцинација, вакцинација, вакцинација”.

Правилото „3G” предизвика незадоволство кај угостителите и хотелиерите, кои веруваат дека тоа ќе доведе до намалување на приходите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот