Во Гази Баба се „засади“ првиот овошен парк

Со денешното засадување на 75 сертифицирани садници во општина Гази Баба се оформи првиот овошен парк. Акцијата, како што информираат од локалната самоуправа, се спроведе во рамките на платформата „Take green actions“ и спроведување на кампањата „Зелен лист – Воздух чист“, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и компанијата „ДС Смит“ од Скопје.

Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба и предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките – велат од Гази Баба.

Оттаму додаваат дека со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна се дава поддршка на предизвикот на ФАО Свет без глад до 2030 година и од друга страна се создаваат нови зелени површини и се придонесува кон зачувување на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот