Во Ѓаковица се протестираше за Томор Морина

Клан Косова

Во Ѓаковица денеска беше организиран мирен протест за ослободување на поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, уапсен од македонските власти пред една недела.

На протестот организиран од Организацијата на воените ветерани на ОВК, огранокот во Ѓаковица, учествуваа роднини на паднатите борци на Косово, како и многу граѓани.

Како што јавува Клан Косова, на протестот му се приклучи и градоначалникот на Ѓаковица Ардијан Ѓини, кој побара итно ослободување на Томор: „Во секој од нас денескa има гнев и со потполно право. Бесмислено е и дваесет години по војната, оние што направиле злосторства, бараат да нè казнат. Го сакаме Томор што е можно побрзо меѓу нас, во неговото семејство и меѓу неговите пријатели “.

Ѓини исто така рече дека актуелниот премиер Рамуш Харадинај имал разговори со државните власти на Северна Македонија и дека сè наскоро ќе се конкретизира.

Инаку, Морина е уапсен при обид за влез во земјава на граничниот премин „Блаце“. За влез во земјава приложил патна исправа на Косово. Потерницата по Морина е од поодамна, а Србија го бара него како свој државјанин, не како државјанин на независно Косово, кое како држава е членка и на Интерпол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот