Во фудбал сме подобри од Летонија, но не и во тенис!

facebook.com/vladimir.tomic

Македонската репрезентација после поразот на стартот од Естонија во Атина (Грција) каде што се одржуваат мечевите, овојпат загуби со ист резултат 0:3 и од селекцијата на Летонија.

На фудбалски план моментно сме подобри од Летонија, тоа го докажавме двапати во квалификациите за ЕП 2020, но во тенисот сме послаби од Летонците.

На првиот сингл дуел со 6:7 (7) и 6:7 (2) Димитар Грабул загуби од Роберт Стромбахс, потоа убедливо Горазд Србљак претрпе пораз од Мартинс Подзус со 1:6 и 2:6.

И во последната трета средба во двојки со 1:6 и 3:6 Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ беа преслушани од Артурс Лаздинс и Јанис Подзус.

Шансата за триумф ќе ја бараме в петок (13 септември) против Црна Гора која исто така го претрпе вториот пораз од Естонија со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот