Во француско пристаниште запленети 1,3 тони кокаин

Кокаин, илустрација / Фто: Архива на Слободен печат

Француските власти заплениле 1,3 тони кокаин скриени во контејнер со вреќи ориз од Јужна Америка во пристаниште на северот на државата, изјави неименуван извор запознаен со случајот.

Контејнерот бил пресретнат во пристаништето Лон-Плаж, во близина на Денкерк, пристигнал од Суринам, објави локален француски весник.

Неименуван извор изјавил дека во Франција ретко се запленува повеќе од еден тон дрога и дека овој случај е „сигурно рекорд за Денкерк”.

Царинските службеници ја откриле дрогата во понеделникот додека проверувале контејнер во пристаништето за време на претовар на стока.

Засега нема уапсени, а истрагата ја води полицијата во градот Лил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот