Во Франција за 24 часа починаа 833 лица заразени со коронавирусот

Ковид состојба во Париз, Франција/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани 833 смртни случаи, со што бројот на починатите од Ковид-19 достигна 8.911 од почетокот на епидемијатам, јави дописникот на МИА.

Информациите ги даде министерот за здравство, Оливие Веран, кој прецизира дека во Франција вечерва  има 29.752 хоспитализирани лица (+831 пациенти за 24 часа), од кои 7.072 се во сериозна состојба на интензивна нега (+478 повеќе од вчера).

Меѓу добрите вести е таа дека  17.250 лица ја напуштиле болницата излекувани, што од вчера претставува зголемување од речиси 1.000 пациенти. Но, сепак, во болниците постои сериозна напнатост.

Франција има 6.494 смртни случаи во болница (+605 за 24 часа) и 2.417 во старечки домови. Или  вкупно 8.911 смртни случаи од 1 март. Покрај тоа, во 3.865 старски домови има регистрирано барем еден случај со Ковид-19.

Министерот за здравство предупреди дека епидемијата се уште е во нагорна линија и дека мерките на ограничено движење треба да продолжат и понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот