Во Франција приведено лице, имал педофилски страници на тајни мрежи

Француски обвинители соопштија дека полицијата уапсила маж осомничен кој бил одговорен за тајни интернет-страници на тајни мрежи за педофилија што обезбедуваат порнографски видеа и фотографии на илјадници ширум светот.

Четириесетгодишниот, уапсен на 7 јули во близина на југозападниот град Бордо, од страна на обвинителите беше опишан како „еден од 10-те најбарани” од властите кои се борат со злосторства поврзани со педофилија низ целиот свет.

Неговото апсење го спровеле француски истражители во соработка со Европол. Според француски медиуми, тој ги признал обвиненијата против него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот