Во Франција нови 516 смртни случаи од Ковид-19

Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 516 нови смртни случаи од Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Од почетокот на епидемијата на 1 март, во Франција починале најмалку 21 856 лица. И покрај се уште големиот број на жртви, бројот на пациентите кои се хоспитализирани на интензивна нега продолжува да се намалува петнаесет дена по ред.

Вечерва во француските болници се згрижени 28.219 заразени со Ковид-19, од кои 5.053 се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на интензивна нега. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот