Во Франција најбогатите луѓе најчесто се заразуваат со ковид-19

Епидемијата со ковид-19 не влијае на ист начин врз населението, односно заразувањето има и социјална припадност, покажуваат резултатите од истражување во Франција. Ако на економски план од епидемијата се најпогодени сиромашните лица, најбогатите се најпогодени од заразата. 

Резултатите  покажуваат дека најбогатите луѓе се релативно поштедени од економските последици од здравствената криза, но од друга страна тие имаат поголема веројатност да се заразат со ковид-19. Според студијата, најбогатите, кои се 10 отсто од населението, имаат двојно поголема шанса да бидат инфицирани со ковид-19 од припадниците на средната класа и 10 проценти поголема шанса од помалку богатите.

Според истражувањето на ЕпиКов, неколку фактори можат да ја објаснат тенденцијата најбогатите луѓе да бидат попогодени од ковид-19. Социјалните односи на најбогатите лица се побројни и пообемни, поради што се зголемува ризикот од зараза. Најбогатите луѓе исто така имаат повеќе ресурси за да ги заобиколат здравствените ограничувања. На пример, тие имаат повеќе простор да ги примат своите пријатели и членовите на семејства во својот дом. Некои дури имаат можност да избегаат на село во нивните втори резиденции. На крај, кај побогатата класа, општо земено родителите можеа да ја задржат својата професионална активност преку работа од далечина, кога многу од најсиромашните луѓе останаа без работа. Но, работењето од далечина не ја спречува заразата, уште помалку кога е потребно да се повика трето лице да се грижи за децата.

Студијата е изработена од францускиот Национален институт за здравје и медицински испитувања, од Дирекцијата за испитување студии и статистички проценки на Министертсвото за здравство и од Националниот институт за статистички и економски студии, при што преку интернет се испитани 135.000 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот