Во Франција над 3.700 нови случаи на ковид-19, вакви бројки немале од мај

Во Франција во последните 24 часа се забележани повеќе од 3.700 нови случаи на ковид-19, најмногу од мај, според податоците кои во средата ги објави генералната управа за здравство.

Според тие податоци забележани се 3.776 позитивни денеска според 2.238 во вторникот. Од мај повеќе од 3.000 заболени се забележани само два пати, минатата сабота и недела.

Вкупно во седум дена се тестирани 16.747 лица и биле позитивни на ковид-19.

Француските болници примиле 162 нови пациенти во последните 24 часа, спроти 185 во вторникот. Вкупно се хоспитализирани 4.806 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот