Во Франција маските стануваат задолжителни во затворен простор од идната недела

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Франција плати огромна цена поради епидемијата од коронавирус, со повеќе од 300.000 мртви и речиси двомесечен карантин, од средината на март до средината на мај.

Од следната недела Франција воведува задолжително носење маски во сите затворени простори отворени за јавност, посебно во продавниците, објави премиерот Жан Кастекс.

„Таа мерка стапува на сила идната недела“, рече премиерот. Според него, носењето маски во јавност претставува „мерка за превенција и делотворна заштита“.

Отккао претседателот Емануел Макрон таа одлука ја најави на 14 јули, поборниците на задолжителното носење маски тоа го поздавија, но побараа со примената да се почне веднаш, без одложување, вклучувајќи и на работните места.

Во округот Мајен, на западот од земјата, има повеќе жаришта од ковид-19, а бројот на новозаболените во недела дена изнесува 50 на 100.000 жители.

Во парискиот регион, рече министерот за здравство Оливие Веран, забележано е благо враќаењ на епидемијата и ги повика Французите да бидат внимателни.

Франција плати огромна цена поради епидемијата од коронавирус, со повеќе од 300.000 мртви и речиси двомесечен карантин, од средината на март до средината на мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот