Во Франција, епидемијата се уште не го достигна врвот и покрај 7.560 смртни случаи

Покрај 5.532 смртни случаи од Ковид-19 во болниците во Франција, официјално има уште „најмалку 2 028″ смртни случаи во домовите за стари лица и други медицински и социјални установи, објави синоќа генералниот директор за здравство Жером Саломон.

Од почетокот на епидемијата во Франција на 1 март, во земјата има вкупно 7.650 починати, јави дописникот на МИА.

Франција е со ограничени мерки на движење од 17 март за борба против ширењето на епидемијата, па сепак вчера се регистрирани дополнителни 441 смртни случаи во болниците, нешто помалку од петокот кој беше со најлош дневен биланс на  жртви од почетокот на епидемијата (588 мртви.)

Кога ќе се земат предвид 2.028 смртни случаи во домовите за стари лица и други медицинско-социјални установи, бројот на жртвите достигна 7.560 вкупни жртви од вирусот.

Во саботата повеќе од 6.800 лица беа на интензивна нега. А од почетокот на епидемијата 15.438 лица излегоа од болниците како излекувани од Ковид-19.

– Вечерва како никогаш досега немавме толку многу пациенти на реанимација, подвлече генералниот директор за здравство Жером Саломон, за време на неговиот дневен брифинг за медиумите.

Додека врвот на епидемијата „се приближува” во одредени француски региони, според него, од Французите се бара да останат дома и за велигденските одмори, кои почнаа овој викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот