Во Франција бунт против е-тротинети, тие се „еколошка катастрофа”

Електрични тротинети/ Фото: ЕПА

Активистите од Бунт против истребување (Extinction Rebellion- XR) ја презедоа одговорноста за онеспособувње на повеќе од 3.600 градски електрични тротинети во Франција за бесплатна употреба. Активистите велат дека со тоа сакале да укажат на штетно еколошко влијание на тротинетите на батерии и дека со тоа даваат поддршка за штрајкот во Франција против пензиските реформи.

Во Париз се онеспособени 2.200 тротинети, во Лион 1.500 и во Бордо 90 со блокирање на електронски код, за да не можат да се активираат преку паметен телефон на корисникот, соопшти организацијата, посочувајќи дека тротинетите не се трајно оштетени.

„Наспроти она што го гледаат во светот како „зелен транспорт”, електричните тротинети се еколошка катастрофа”, сметаат во движењето.

Тие посочуваат дека е-тротинетите „голтаат енергија”, дека траат кратко време, дека е „висока енергетската цена” на транспортот со тротинетите затоа што тие постојано треба да ги наполнат своите батерии, и дека е „ниско нивото на рециклирање” на нивните литиумски батерии.

Организацијата исто така наведува дека е-тротинетите се повеќе замена за пешачење, отколку замена за користење автомобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот