Во Франција препорачаа трета доза вакцина против ковид-19 за лица на возраст од 40 и повеќе години

Вакцинација против коронавирусот во Франција
Вакцинација против коронавирусот во Франција / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француските здравствени власти препорачуваат трета доза вакцина против коронавирусот за луѓе на возраст од 40 и повеќе години.

Евалуацијата на меѓународните студии покажа дека засилената вакцинација шест месеци по целосната имунизација е веќе корисна за луѓето над 40 години, соопштија здравствените власти.

Тие во соопштение нагласуваат за добрите емпириски податоци од Израел и САД, објаснувајќи дека се уште нема доволно достапни податоци за да се даде препорака за уште помлади луѓе.

Во Франција, постарите од 65 години веќе некое време ги исполнуваат условите за засилена вакцинација, а околу 30 отсто веќе примиле трета доза.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот