Во ФБиХ продолжен полицискиот час за уште 14 дена

Тестирање за коронавирус во БиХ / фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Кризниот штаб на Федералното Министерство за здравство на Босна и Херцеговина денеска ги продолжи мерките за заштита од ширење на новиот коронавирус за уште 14 дена, што подразбира задолжително носење на маски во затворено и на отворено, почитување на физичка дистанца од два метра и забрана за движење од 23 до пет часот.

Од мерките се иземени лицата кои имаат проблеми со дишењето поради хронични болести или не можат да ја извадат маската без туѓа помош, потоа лицата со интелектуални потешкотии, лицата со оштетен слух, спортистите на натпревари, на тренинзи и на спортски активности, лицата на велоспипед, на електричен ромобил и на мотоцикал.

На правните субјекти им е наложено да ја овозоможат пропишаната физичка дистанца, да ја организираат работата во смени или да овозможат работа од дома.

На кантоналните жупаниски штабови им е дозволено воведување и други рестриктивни мерки во согласност со епидемиолошката ситуација.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот