Во Европа едноминутно молчење за оддавање почит за жртвите на ковид-19

Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Здружението „Eurocities” ги повика градовите низ Европа в среда со едномутно молчење да им оддадат почит на жртвите на пандемијата на коронавирусот.

„Една година по почетокот на пандемијата на коронавирусот, мрежата градови Eurocities ги поканува сите на европска минута молк. Заедничка комеморација ќе се одржи в среда напладне”, објавено е на веб-страницата на Eurocities.

Во тоа здружение се вклучени речиси 40 земји.

Еден од градовите што веднаш го потврди своето учество е Будимпешта.

Градоначалникот Гергели Караксони на Фејсбук изјави дека овој гест е знак на признание за работниците од првите редови на борбата против коронавирусот.

„На Европа и треба заеднички момент”, нагласи Дарио Нардела, претседател на Eurocities и градоначалник на Фиренца.

„Бидејќи во моментов не се можни настани, секој за себе треба да учествува во едноминутен молк за себе, а како поддршка на споделеното искуство. Во знак на поддршка планиран е „пренос во живо” со Дарио Нардел”, се додава на нивната веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот