Во ЕУ живеат 446,7 милиони луѓе – најмногу во Германија, најмалку во Малта

Берлин/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Европската унија (ЕУ) во 2022 година живееле 446,7 милиони луѓе. Најнаселена земја-членка е Германија (83,2 милиони, 19% од вкупниот број во ЕУ), втора е Франција (67,9 милиони, 15%), а во првите пет се и Италија (59,0 милиони, 13%), Шпанија (47,4 милиони, 11%) и Полска (37,7 милиони, 8%), соопшти Евростат.

Овие пет земји-членки сочинуваат вкупно две третини од населението на ЕУ.

Најмалку населени земји-членки на ЕУ, пак, се Малта (521.000 луѓе, што е 0,1% од вкупниот број на ЕУ), Луксембург (645.000, исто така 0.1%) и Кипар (905.000, 0.2%).

Во периодот од 2001 до 2020 година, вкупното население на ЕУ се зголемило од 429 милиони на 447 милиони, што претставува раст од 4%. Седумнаесет земји-членки имале пораст на населението во овој период, а десет евидентирале намалувања. Најголеми релативни зголемувања се забележани во Луксембург (43%), Малта (31%), Ирска (30%) и Кипар (27%), додека најголемо намалување имаат Литванија (-20%) и Летонија (-19%).

Меѓутоа, меѓу 1 јануари 2020 година и 1 јануари 2022 година, населението на ЕУ се намалило за 585 000 луѓе.

Највисоки намалувања во апсолутни бројки се забележани во Италија (-611 000, што одговара на -1,0%) и во Полска (-304 000, -0,8%), а во релативна смисла во Хрватска (-4,8%, -196 000) и Грција (−2,4%, −259 000).

Севкупно, десет земји членки на ЕУ имале намалување на нивното население во текот на двегодишниот период 2020-2021 година, додека останатите забележале зглемување. Најголем апсолутен пораст има Франција (552 000, 0,8%), а Луксембург највисок релативен пораст (3,1%, 19 000).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот