Во ЕУ инфо центарот ќе се одржи работилница за подобрување на квалитетот на воздухот

Загаден воздух/ фото: МИА

Во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи работиница на тема „Подобрување на квалитетот на воздухот со помош на стандарди”, во организација Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) и во соработка со Европската организација за стандардизација (CEN).

Работилницата, на која ќе учествува државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, се одржува во склоп на проектот „Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина”.

Овој проект, информираат организаторите, е финансиран од Европската Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот