Во ЕУ има повеќе од 200 милиони вакцини против Ковид-19

Знамето на Европската унија
Знамето на Европската унија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во 27 земји се аплицирани најмалку 200 милиони дози на околу 148 милиони луѓе, што е 32 проценти од населението на Унијата.

Во земјите од Европската унија досега се администрирани повеќе од 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, а скоро 53 милиони Европејци се целосно вакцинирани.

Во 27 земји се аплицирани најмалку 200 милиони дози на околу 148 милиони луѓе, што е 32 проценти од населението на Унијата.

До сега во Унијата целосно се вакцинирани најмалку 52,90 милиони луѓе со две дози или една доза во случајот на Џонсон и Џонсон, или 11,8 проценти од населението.

Во Бугарија, само 10,2 проценти од населението е вакцинирано со една доза и шест проценти со две дози.

Малта има најголема стапка на вакцинација, 32,5 проценти од населението е целосно вакцинирано, додека 64 проценти примиле најмалку една доза.

Во Франција, 13,5 проценти од населението е целосно вакцинирано, во Германија 11,1, додека, за споредба, во САД две дози примиле 37,4 проценти од Американците, а во Велика Британија скоро 30 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот