Во експлозија на автомобил-бомба во Авганистан 8 загинати

Авганистан фото ЕПА

Најмалку осум лица загинаа, а 47 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во авганистанската провинција Херат, соопштија локалните власти.

Неколкумина од повредените во експлозијата, која уништи и 14 куќи, се наоѓаат во критична состојба, соопшти портпарол на болницата во Херат.

– Едно лице меѓу загинатите и 11 меѓу повредените се припадници на авганистанските безбедносни сили, а останатите се цивили, вклучувајќи жени и деца, истакна портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Ариан.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот. Во голем број претходни напади џихадистичката група Исламска држава ја преземала одговорноста.

Неколку часа по нападот, Советот за безбедност на ОН го осуди „алармантниот” пораст на напади во Авганистан, во кои страдаат цивили, додека талибанците и авганистанската Влада водат мирни преговори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот