Во Египет, откриена мала „насмеана“ сфинга со дупчиња на образите

Фото: ЕПА

Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека во јужен Египет археолози откриле мала сфинга „со насмеано лице и две дупчиња на образите“, за која се вели дека го претставува римскиот император Клавдиј. Пронајдени се и остатоци од олтар изработен од варовник.

Фото: ЕПА

Овие два предмета се најдени во гробница на две нивоа во храмот „Дендера“, кој се наоѓа 450 километри јужно од главниот град на Египет – Каиро. Покрај сфингата, имало и камена плоча од римската ера, со натписи испишани со демотичко писмо и хиероглифи, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Според наводите, египетската Влада сака со овие откритија да привлече повеќе посетители и да ѝ вдахне нов живот на туристичката индустрија во земјата, инаку тешко погодена од економската криза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот