Во Египет извршени 11 егзекуции на осудени за убиство

Фото: EPA/RAED QUTENA

Египетските власти денеска егзекутираа 11 лица осудени за убиство, информира безбедносен извор. Смртната казна за цивилите осудени во Египет, најнаселена арапска земја, се спроведува со бесење.

– Единаесет лица се погубени во затворот Борг ал-Араб во близина на градот Александрија, изјави за светските агенции безбедносен извор под услов да остане анонимен.

– Сите биле осудени за убиства во последните неколку години во провинциите Александрија и Бехаира, рече тој.

Последните егзекуции се извршени откако во саботата биле обесени петмина други осуденици, од кои три жени, рече изворот.

Амнести Интернешнл во декември го „големиот пораст на егзекуциите” под водство на претседателот Абдел-Фатах Сиси кој дојде на власт откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот