Во Египет денеска и утре се гласа за половина од пратениците

Фото: EPA-EFE/Mohamed Hossam

Во Египет денеска започна гласањето за половина од пратениците во 14 од 27 провинции, а изборите ќе траат до недела вечер.

Право на глас имаат 63 милиони граѓани, а резултатите ќе бидат објавени на почетокот на декември, по изборите на кои ќе биде избрана втората половина од пратениците.

Денеска и утре, граѓаните ќе изберат половина од 568 пратеници од над 4.000 кандидати во 14 од 27 покраини.

Египетските граѓани кои живеат во странство веќе гласаа претходно оваа недела.

Во преостанатите 13 провинции, гласањето ќе се одржи на 7 и 8 ноември, кога граѓаните ќе ја изберат другата половина од пратениците од над 1.100 кандидати.

По секоја фаза на гласање, по потреба ќе се одржи втор круг на избори.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси ќе назначи 28пратеници или пет проценти од нивниот вкупен број, кој ќе се зголеми на 596.

Конечните резултати ќе бидат објавени во декември, а новото собрание ќе ја одржи својата основачка седница набргу потоа.

Изборите се одржуваат во време кога Египет забележа мало зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, додека властите предупредуваат дека земјата наскоро ќе се соочи со вториот бран на пандемијата.

На гласачите бесплатно ќе им бидат дадени заштитни маски, додека избирачките места ќе бидат дезинфицирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот