Во еден момент станав мала и безначајна: Анџелина Џоли пропаѓа поради Бред Пит! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Поранешната холивудска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли сѐ уште се борат околу старателството над нивните шест деца, а како одминува времето, ситуацијата станува сè понапната.

Фото: Профимедиа

И, иако многумина можеа да помислат дека ова судење ќе заврши наскоро, Бред Пит и Анџелина Џоли нè уверуваат од судење до судење на спротивното.

Фото: Профимедиа

Извори блиски до двојката, за странските медиуми, постојано истакнуваа дека актерот и актерката во моментов имаат најлоша однос досега. И покрај фактот дека во претходниот период тие „ги закопаа воените секири“, па дури и започнаа со терапија, со цел, според нив – да бидат подобри родители на своите деца и да ги ставаат своите кавги во втор план во однос на нив, се чини дека обидот за цивилизиран соживот не успеал.

Во едно интервју, Анџелина откри дека е во многу тешка ментална состојба и дека нејзината сила и енергија ја добива само од децата.

Фото: Профимедиа

„Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат дека во нив постои таа сила која постојано расте. Не знам од каде потекнува мојата вера, но сигурна сум дека сум во преоден рок. Тоа е исто како да се враќам на моите корени, а се изгубив себеси. Мислам дека тоа започна кога Бред и мојата врска завршија“, рече Анџелина, која се присети на тој момент.

Фото: Профимедиа

„Тоа беше комплициран период, не можев да се препознаам, станав мала, скоро безначајна. На крајот, се соочив со некои здравствени проблеми. Сето тоа ме потсети дека сум среќна што сум воопшто жива“, изјави Анџелина за странски медиуми.

Сепак, поради нејзините деца, се обидува да истрае во сè!

„Понекогаш ми е толку тешко да се соочам со животот затоа што чувствувам како да „тонам“, но тогаш се сеќавам дека поради моите деца морам да останам силна. Тие мора да имаат некој на кого може да се потпрат кога им е тешко и затоа таа поддршка мора да биде цврста и не смее да се сруши“, рече актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот