Во два дена регистрирани над 100 пожари во Пелагониско

Повеќе од 100 пожари се регистрирани изминатите два дена во битолскиот дел на Пелагонија, соопшти денеска Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Битола.

Според раковидителот на ТППЕ, Костадин Поповски, сите пожари се на отворени земјоделски површини.

-Во изминатите два дена регистриравме над 100 пожари, сите во атарот на селата Лознани, Новоселани, Горно Српци, Вашарејца и Кукуречани. Тоа што се случи овие два дена јас не сум го видел во мојата професионална кариера. Не знам дали мотивот на земјоделците што ги палеле стрништата е поврзан со метеоролошката прогноза и најавата за дожд, но во секој случај применета е тактика, палењето се врши ноќе и во таква ситуација ТППЕ не може да реагира- истакна Поповски.

Дополни и дека изминатите два дена имале 10 теренски интервенции со исто толку екипи.

-Најзагрозен беше опожарениот објект на ЗК „Пелагонија” во селото Долно Српци, а пожарот ги зафати и дрвените прагови на железничката пруга кај селото Новоселани. Предизвикана е голема штета врз амбиенталниот воздух, бидејќи е опожарена голема површина во Пелагонија. Ова што се случи е казниво со закон според кој секој пожар на отворен простор е кривично дело и казниво со казна затвор. Ние за овој проблем ги информиравме јавните институции- нагласи Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот