Во државата годишно предвреме се раѓаат 600 бебиња

Годишно во нашата држава се раѓаат 600 предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им се овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина.

Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени дечиња, ја продолжува традицијата и заедно со сите центри во светот денеска ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените дечиња.

Мотото под кое ќе се одбележува годинава овој ден е „Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место”, а целта е подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.

На настанот во просториите на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе се обратат директорката на ЈЗУ ГАК доц.др.Викторија Јовановска, началничката на Одделението за интензивна нега прим.др. Елизабета Петковска, како и претставникот од граѓанската организација „Лулка” со која Клиниката има потпишано меморандум за соработка при што ќе бидат изнесени реализираните заеднички активности во изминатата година. Најавена е и прес-конференција во амфитеатарот на ЈЗУ У ГАК на која ќе бидат презентирани новите статистики за намалување на смртноста кај новороденчињата, како и за набавката на нов апарат.

Како што соопштуваат од Клиниката, на настанот ќе присуствуваат и сопругата на претседателот на држвата, првата дама Елизабета Ѓоргиевска како и Зорица Заева, сопруга на премиерот на државата.

Предвидено е Ѓоргиевска и Заева да ги посетат просториите на Одделението за интензивна нега на недоносените новороденчиња, а ќе се одржи и настан посветен за најмалите дечиња кои биле поранешни пациенти на Одделението за интензивна нега на ГАК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот