Во Драмскиот театар почнаа пробите за претстава со текстови од Горан Стефановски

Голема актерска екипа од Драмскиот театар во Скопје почна со читачки проби за новата претстава „Мај нејм ис Горан Стефановски“, чија премиера е закажана за 26 март.

Текстуалната предлошка за претставата ќе биде компилација од драмски текстови на Горан Стефановски што досега не се поставувани на сцената на Драмскиот театар.

Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ од Црна Гора, а драматург е Бранислава Илиќ. Сценограф е Александар Дениќ, костимографка е Роза Трајческа. Асистент на режијата е Кристијан Атанасов. Автор на музиката ќе биде Влатко Стефановски.

Во претставата ќе играат Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 115, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 5-6 февруари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот