Во Драчево за еден ден казнети 166 возачи

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека 41 санкција се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, 11 мерки за неисправни и нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Драчево изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“ велат од МВР. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот