Во Драч започна процесот на реконструкција на објектите оштетени од земјотресот

Фото: ABCnews

Во Драч започна реконструкцијата на зградите оштетени од силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 минатиот месец.

Во една од нив се врши реконкструкција на скалите кои се оштетени, додека во процесот на реконструкција се употребуваат стандардите со ЕУРОКОД.

Премиерот на Албанија, Еди Рама при посетата на Драч рече дека е потребно луѓето кои чекаат да се вселат во овие згради да видат како се вршат работите и тие да бидат поотпорни на земјотресот.

– Проблемот е психолошки. Кој и да е, јас или вие, немаше да дозвоилите вашето семејство да влезе во еден дом за кој што верувате дека ќе се урне – истакна Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот