Во Дортмунд се свесни дека тешко ќе го задржат Халанд по идното лето

Ерлинг Халанд има нов спонзор/Фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Извршниот директор на Борусија Дортмунс, Ханс-Јоаким Вацке, вели дека ќе биде тешко да го задржат Ерлинг Халанд по идното лето на „Сигнал Идуна Парк“ иако истакна дека клубот ќе стори се за да го зачува најдобриот фудбалер.

Халанд игра неверојатно во дресот на Борусија Дортмунд по неговото доаѓање во јануари 2020 година и на 67 натпревари постигна дури 68 гола со што го привлече вниманието на гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ, Челси, Манчестер јунајтед.

– Нормално дека ќе биде тешко да го задржиме, но не велам дека таа опција ја исклучуваме. Ќе сториме се што можеме за да ги задржиме нашите најдобри фудбалери – изјави Вацке.

Ерлинг Халанд има договор со Борусија Дортмунд до 2024 година, но исто така има клаузула според која во 2022 година може да си замине за само 75 милиони евра. Токму поради тоа, челниците на „милионерите“ започнаа потрага по неговиот наследник.
– Мора да веруваме во себе и да кажеме дека повторно може да најдеме елитен напаѓач – порача Вацке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот