Во Дортмунд само еден играч е недопирлив, а тоа не е Халанд

Џад Белингем ова лето дебитираше за англиската реп-резпрезентација/ фото: EPA-EFE/LEON KUEGELER

Борусија Дортмунд се подготвува за турбулентно лето во кое може да остане без неколку стандардни фудбалери. Екипата од следната сезона ќе ја предводи Марк Розе, но поради пандемијата на коронавирусот, „милионерите“ имаат финансиски проблеми и се приморани да продаде неколку играчи на лето, посебно доколку не успеат да обезбедат пламсан во Лигата на шампионите.

Според германските медиуми, на сите фудбалери ќе им биде дозволено да си заминат доколку пристигне примамлива понуда, а само еден е недопирлив и интересно е што дека тоа не е Ерлинг Халанд, најбараниот млад фудбалер.
Според новинарот Фабрицио Романо, единствен недопирлив е само Џад Белингем за кого голем интерес пројавуваат Челси и Ливерпул.
Неговата цена моментно изнесува околу 70 милиони евра, но младиот англиски репрезентативец има само 18 години и се очекуваа оваа сума за две години најмалку да се дуплира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот