Во Доминиканската Република пристигнаа два милиони дози вакцини од Кина

epa09036166 A teacher receives a dose of the Sinovac vaccine against COVID-19, during a pilot day to immunize 80 teachers in Santo Domingo, Dominican Republic, 25 February 2021. The Dominican authorities began to vaccinate teachers against COVID-19 and confirmed that they will include primary and preschool teachers in the second group to be inoculated, to expedite the return of face-to-face classes. EPA-EFE/Orlando Barria

Доминиканската Република денеска доби нова серија од два милиони дози вакцини против ковид-19 и пет милиони шприцеви купени од Народна Република Кина, што ќе овозможи националниот план за вакцинација да продолжи и на 10 мај да почне третата фаза, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

До 4 мај, доминиканските власти дадоа 2,12 милиони дози вакцина, а 804 000 луѓе се целосно вакцинирани против ковид-19. Владата се надева дека новите залихи ќе ја забрзаат стапката на имунизација кај населението.

Според Министерството за здравство, земјата со 10 милиони жители регистрирала 268 000 случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата и 509 смртни случаи.

Видео на денот