Во Дојран хуманитарна акција наместо василичарски хепенинг

Традиционалниот василичарски хепенинг кој секоја година во Стар Дојран се одржуваше на просторот на градскиот пазар, во соорганизација на Општина Дојран со спонзори на манифестацијата, синоќа не се одржа поради почитување на мерките за заштита од Ковид-19, соопштија денеска од општината.

Наместо тоа, минатогодишните кумови, општината и останатите хумани граѓани, одлучија сите прехранбени продукти кои беа собрани за василичарскиот хепенинг да ги спакуваат, и денеска преку хуманитарна акција да ги донираат на социјално загрозените семејства од општина Дојран.

– Во духот на христијанството, годинава одлучивме во поинакви услови сепак да ја покажеме нашата добра намера, да останеме хумани и секогаш да бидеме подготвени да помогнеме таму каде што е најпотребно, изјави дојранскиот градоначалник Анго Ангов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот