Во Денвер бесни на критуриумот на судиите: Ова е злосторство против човештвото (ВИДЕО)
Тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун по поразот на неговиот тим на стартот од финалето во Западната конференција, беше бесен на судиите и нивните двојни критериуми.
Мелоун, навивачите на Денвер, но и дел од новинарите во САД се разочарани од судиите кои му досудија четири лични грешки на најдобриот играч на тимот, Никола Јокиќ поради што на теренот помина само 26 минути.
How many of these look like fouls? pic.twitter.com/xLGR4SD2fP
— Jokić triple double! (@chmorley) September 19, 2020
– Едвај чекам да ја видам снимката со сите тие прекршоци, да видам каде и како се судени. Во една четвртина тие изведоа 24 слободни фрлања. Тоа е многу, тие беа на пат да изведат 100 слободни фрлања на натпреварот – изјави Мелоун.
Тренерот на Денвер додаде дека судиите го променија критериумот во второто полувреме кога предноста на ЛА Лејкерс изнесуваше 20-тина поени.
– Критериумот на судиите околу личните грешки се израмни во второто полувреме, но во првиот дел тоабеше огромна предност за Лејкерс. Морам да видам дали требаше да се досудат.
Фановите на Денвер се посебно бесни на судиите Скот Фостер и Тони Брадерс за кои сметаат дека ја уништија нивната екипа, посебно најдобриот играч, Никола Јокиќ.
„Нагетс нема да победат на овој натпревар. Силвер на теренот ги испрати најдобрите насилници“, коментираа навивачите за двајцата судии.
„Ова судење е злосторство протви човештвото“, напиша новинарот Ричард Ален.